Свети апостоли Петар и Павле – Петровден




На 12.07.2017 година, Св.ап-ли Петар и Павле – Петровден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Трпе Богојески, презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.