Преп.мч-чка Параскева (Петка) Римјанка




На 08.08.2017 година, Преп.мч-чка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Никола“ с. Печково – Гостиварско, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови.