Успение на Пресветата, Пречистата и Преблагословена наша Мајка – Богородица




На 28.08.2017 година, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. На литургијата во протопрезвитерско достоинство беше ракопроизведен презвитерот Марјанчо Мадевски. Како и секоја година градскиот хор „Менада“ под раководство на маестро проф. д-р Ивица Зориќ со своето прекрасно пеење ја збогати литургијата. На литургијата верниот народ кој се подготвувал со пост, молитва и исповед се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. Пред многубројниот народ Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, изговори пригодно слово за „Успението на Богомајката“. Беседата можете да ја прочитате тука .....