На 11.09.2017 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната главата на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф го преосвети храмот на свети Јован Крстител во Кратово и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Извор: http://koe.mk/sv-jovan-krstitel-2017/