Хуманитарна дејност при Tетовско-гостиварската епархија




На 15.09.2017 година, ученици од училишта во тетовско заедно со вероучителот ѓаконот Илија Деспотовски го посетија Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во седиштето на Тетовско-гостиварската епархија. Во оваа пригода им беа донирани ранци и училишен прибор. Митрополитот г. Јосиф им посака успешна и благословена учебна година.