Света тајна крштение




На 14.10.2017 година, на денот кога Црквата го празнува денот посветен на Покровот на Пресвета Богородица, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир изврши Света тајна крштение на новороденото чедо Божјо Марко Темелковски од Скопје. Бог по молитвите на светиот апостол и евангелист Марко да му подари долг и добродетелен живот и ангел пазител кој ќе го води по стапките на Христовите заповеди.