„Св. Георгиј Победоносец“ во с. Мала Речица во Тетово




На 06.05.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Златоустова литургија во сослужение со архиерејскиот намесник протоереј Дарко Наумоски и протоереј Ненад Ѓорѓески, во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Волковија – Тетовско. Истиот ден Митрополитот г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво, ги прережа славските колачи и изврши мал водосвет во храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Мала Речица во Тетово.