Божествена архиерејска литургија во храмот „Свети Прохор Пчински“ во Пјаченца, Р. Италија




На 01. 11. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Јоил; светиот маченик Вар; на преподобниот Прохор Пчински и Преносот на моштите на свети Јован Рилски, во црковната општина „Свети Прохор Пчински“ во Пјаченца, Р. Италија беше отслужена Света архиерејска божествена литургија.

Со Литургијата чиноначалствуваше надлежниот епархиски архиереј на Европската православна епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Пимен, заедно со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, а во сослужение на: игуменот Гаврил (Галев), јеромонахот Макариј, парохискиот свештеник, протоерејот Климен Мишањ, протоерејот Махајло Матевски и ѓаконот Сашо Целески.

Пред многубројниот народ, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, изговори пригодно слово по повод празникот на храмовиот патрон свети Прохор Пчински. Беседата можете да ја прочитате тука.

На Литургијата верниот народ се причести со светите Христови тајни.