23 недела по Педесетница




На 12.11.2017 година, Недела дваесет и третта по Педесетнница, Св. ап. Клеопа, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златoустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужeние на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, протопрезвитер Марјанчо Мадевски и презвитер Александар Стојаноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.