Осветен конак




На 19.11.2017 година, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, изврши осветување на манастирскиот конак во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. На чинот на осветувањето покрај манастирското настојателство присуствуваа и многубројни дарители и ктитори кои ја помогнаа изградбата на овој велелепен конак. Конакот има капацитет да прими 50 гости кои би сакале да престојуваат. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заблагодари на црковниот одбор и ктиторите за нивната помош, пожртвуваност и љубов која ја вложија за овој конак да го добие денешниот изглед. Тетовско-гостиварската епархија додели благодарници за сите дарители.