Св. Архангел Михаил, во с. Јегуновце – Тетовско




На 21.11.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот посветен на Св. Архангел Михаил, во с. Јегуновце – Тетовско, изврши благословување на кумските лебови. Црковниот одбор и кумовите за сите присутни во црковната трпезарија приредија трпеза на љубовта.