Светиот Наум Охридски Чудотворец




На 05. 01. 2015 година, на манастирската слава во чест на празникот посветен на светиот Наум Охридски Чудотворец, во манастирот посветен на овој сесловенски просветител на Попова Шапка, беше отслужена света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители. По Литургијата беа прекршени славските лебови. Овогодишни кумови на празнувањето беа Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, како и Ѓорѓи и Александра Зафировски од Тетово. На прославата присуствуваше многуброен верен народ, кој и покрај исклучителните временски услови, успеа да дојде во манастирот. На Литургијата пееше женскиот младинскиот хор „Менада“ од Тетово, под водство на маестро Ивица Зориќ.