Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста




На 04.12.2017 година, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Трпе Богојески и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата проповедаше Митрополитот Тетовско-гостиварски, проповедта може во целост да ја прочитате тука ....