Свети Георгиј Кратовски и свети Теодор Тирон




На 24.02.2018 година (првата сабота од Великиот пост), кога Црквата го прославува споменот со чудото на свети Теодор Тирон и на празникот на Свети Георгиј Кратовски, во храмот на свети Георгиј Кратовски во Кратово се богослужеше Света Златоустова архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Високопреосветениот Митрополит Брегалнички г. Иларион во сослужение со Високопреосветените Митрополити Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, на градскиот плоштад во Кратово беше осветен славскиот колач. На верниот народ со празнично слово им се обрати Митрополити Тетовско-гостиварски г. Јосиф и истото можете да го прочитате  на следниов линк..