Средата од третата седмица од Великиот пост




На 07.03.2018 година, во Средата од третата седмица од Великиот пост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „св. Кирил и Методиј“ во Тетово, служеше литургија на Претходноосветени Дарови, во сослужение на протопрезвитер Предраг Исаески и протопрезвитер Марјанчо Мадевски. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.