III акатист на Пресвета Богородицa




На 09.03.2018 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи III акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станковски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Дарко Наумовски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, протопрезвитер Марјанчо Мадевски и ереј Александар Стојаноски.