Велики Четврток




На 05.04.2018 година, на Велики Четврток, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше вечерна со Василиева литургија, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Андон Андоноски презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. По литургијата беше извршен маслосвет.