Велики Четврток (12 Страдални Евангелија)




На 05.04.2018 година, во светиот и Велики Четврток (12 Страдални Евангелија), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво ги читаа 12 – те Страдални Евангелија, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ - Гостивар. На богослужбата покрај верниот народ присуствуваше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Република Македонија г. Даријан Сотировски.