Статиите на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО




На 06.04.2018 година, Вечерта на Велики Петок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Утрена и беа отпеани Статиите на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Предраг Исаески, презвитер Александар Стојаноски и ѓакон Илија Деспотовски во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Во милозвучното пеењето на статиите учествуваше и градскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.