Велика Сабота, Благовештение на Пресвета Богородица




На 07.04.2018 година, на Велика Сабота, Благовештение на Пресвета Богородица, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф служеше Вечерна со Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Предраг Исаески, презвитер Александар Стојаноски, и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата многубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата може да ја прочитате во целост тука...