† СВЕЧЕНА ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО СТРУГА




„Како пролет ни засветли - светлото Господово и божествено воскресение, од земната кон небесната Пасха преведувајќи нѐ. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот маченик Георгија, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“ (светилен на св. вмч. Ѓорѓи Победоносец).

На 07.05.2018 година, ден по празнувањето на светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец, а според одамна воспоставената традиција, градот Струга повторно го прослави својот заштитник, светиот великомаченик Ѓорѓи, прославувајќи го како непобедлив борец, кој со своите храбри подвизи ги весели небесните сили, а нас на земјата нѐ поткрепува и ни го покажува патот на спасението. Торжествениот ден започна со света архиерејска Литургија, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петре Бојчиноски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците и ги поучи со пригодно слово.

 

Poveke na: http://www.dke.org.mk/index.php/3084-2018-05-08-08-26-20