Света литургија во храмот „Собор на сите Македoнски светители“ во Лозана - Швајцарија




На 12.05.2018 Надлежниот Митрополит на европската епархија г. Пимен во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и многубројното свештенство од Европската епархија богослужеа света литургија во храмот „Собор на сите Македoнски светители“ во Лозана - Швајцарија. Истиот ден по литургијата започна и годишното собрание на Европската епархија на кое освен свештенството на епархијата присуствуваа и  делегати од секоја црковна општина во епархијата. Пред почетокот на собранието на делегатите им се обрати Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, неговиот говор можете да го прочитате на следниов линк...