Меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одѕиви“




Во чест на големиот и значаен милениумски јубилеј „1000 години Охридска архиепископија“ на 16 и 17 јуни 2018 години ќе се одржи 27 издание на Меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одѕиви“ (ТЕ-ХО) на Православна духовна музика.

Фестивалот ќе започне на 16. 06. 2018 година (сабота) во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, со почеток во 19:30 часот, а ќе продолжи и утредента на 17. 06. 2018 година (недела)  година во ДКЦ „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешочкиот манастир, со почеток во 12:00 часот.