На 24. 05. 2015, кога Светата православна црква го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија во Тетово, посветен на светите солунски браќа, се отслужи света архиерејска Литургија. На литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото високопреосвештенство, Митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф.