На 14.06.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ – Тетово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Истиот денМитрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, освети вода и го благослови кумскиот колач во с. Палчиште – Тетовско.