Oсветување на новата камбана за манастирската црква „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце




На 31.07.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски  г. Јосиф, изврши осветување на новата камбана за манастирската црква „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце – Тетовско. Камбаната е дар од г. Мирко Димовски со семејството од  Детроит, САД. Камбаната е излиена во леарницата  РЖ  -  институт од Скопје. На осветувањето покрај многубројниот народ присуствуваше и градоначалникот на Општина Јегуновце г. Тони Коцевски. Тетовско-гостиварската епархија им благодари на сите благочестиви семејства од дијаспората, како и од нашата татковина кои се вградуваат во изградбата на овој прекрасен манастир.