На 16.08.2015 година, кога светата црква ги празнува Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст; Преподобен Козма евнух;Преподобен Антониј Римјанин; Света мироносица Саломија; Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света архиерејска Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетовo.  На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.