Страстите се најлошиот тиранин

Минатиот пат  зборувавме за тоа како Бог го создал човекот и колку бил  природен неговиот живот во рајот, односно во пространството во кое го поставил Господ. Адам, којшто излегол од рацете на Самиот Бог, ги поседувал сите дарови од Создателот. Потоа, значи дошол гревот, којшто го прекинал општењето на човекот со Бога, и сите енергии на созданието почнале да се изобличуваат. Следуваат како што знаеме, јавувањето на Бога во светот и овоплотувањето на Бог Словото, новиот Човек-Богочовекот-Којшто е реалност којашто се преживува во пространството на Црквата. Но тоа, кое што има особено значење за еден млад човек, којшто е во почетокот на својот духовен живот,  е да разбере што е...

Православен поглед на современите технологии: телевизија и интернет

Нашава епоха, XX и почетоткот на XXI век, е епоха на силен технолошки развој. Се разбира, големи се предностите и позитивните страни на технолошкиот напредок. Во многу сегменти се олеснува и подобрува човековиот живот. Меѓутоа, истите тие технолошки придобивки многу лесно се злоупотребуваат, па така, од средство за подобрување на условите за живот, стануваат средство за духовна смрт.
          Во  овој контекст, најпрво ќе ја споменеме телевизијата.
          Со напредокот на овој вид медиум, значително се подобри преносот на информации, како и можноста за разни видови презентации, и тоа од сите области. Меѓутоа, сведоци сме на широко распростанета злоупотреба на телевизијата, па...

Слово на Митрополит Тетовско – Гостиварски г.Јосиф

 

Ваше Блаженство, Ваши високипреосвештенства, Ваше преосвештенство,
Почитувани членови и претставници на Владата на Р. Македонија,
Почитувани пратеници во Собранието на Р. Македонија,
Почитувани претставници на дипломатскиот кор,
Уважени претставници на образовните институции,
Почитувани претставници на локалните самоуправи,
Сечесни отци и богољубиви монаси,
Возљубени во Господа браќа и сестри,
Духовни чеда,
Исправен пред вас , овде, на амвонот од ова свето место, посветено на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј Солунски, соборниот храм на православното искрено сведоштво на верата Христова во овој дел од македонската земја, не можам, а да не се...