Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Вознесение на Господ Исус Христос - Спасовден

Зоран Богоевски 21.06.2018

На 17.05.2018 година, Вознесение на Господ Исус Христос - Спасовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво, протопрезвитер Предраг Исаески и презвитер Александар Стојаноски. Пред литургијата во чин чтец беше ракопроизведен богословот Илија Сламков. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот г. Јосиф ги благослови кумските лебови.