Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Недела сиропусна

Зоран Богоевски 21.06.2018

На 18.02.2018 година, Недела сиропусна, Одд. на Сретение, св. мч-ка Агатија (Прочка-Велики поклади), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво Протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата проповедаше Митрополитот г. Јосиф, проповедтта може да ја прочитате во целост тука... Истиот ден во храмот „Пресвета Богородица“, во с. Сараќино – Тетовско, Митрополитот г. Јосиф изврши групна Света Тајна крштение.