Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Преп. Параскева (Петка) Епиватска

Зоран Богоевски 21.06.2018

На 27.10.2017 година, Преп. Параскева (Петка) Епиватска, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Петка“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. Пред литургијата се изврши и менување на Страчица на светиот престол во олтарот на храмот. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот изврши водосвет и беше благословен кумскиот леб.