28-ма Недела по Педесетница
21.12.2025 Во 28-та Недела по Педесетница, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа.
