Божиќна радост во Гостивар
На 07.01.2026 г. кога го празнуваме светлиот празник на Христовото Раѓање, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Божествена Златоустова Литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата беше прочитано и Божиќното послание од Архиепископот на МПЦ-ОА г. г. Стефан. По Литургијата беше благословена и традиционалната братско-сестринска трпеза на љубовта. За најмладите кои беа присутни на Литургијата, беа поделени божиќни подароци.
