Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Ce впиша во диптихот на светиите светата Стефанида Битолско-Скадарска

Зоран Богоевски 30.06.2024

30.06.2024 Во Соборниот  храм „Св. Димитриј“ во Битола, се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј во сослужение на  Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан. На Божествената Литургија сослужуваа високопреосветените и преосветени архиереи:  Митрополитите  Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Архиепископ цетински и митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј, Архиепископ Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешка и Словачка, Архиепископ и митрополитот Рашко-призренски г. Теодосиј, Архиепископ и митрополитот Зворничко-тузлански г. Фотиј, митроплитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, митрополит Европски г. Пимен, митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, вомировен Кумановско – осоговски г. Јосиф, епископите Новобрдски г. Иларион,г.Петар Топлички,г.Нектариј Јегарски,г.Алексеј Хвостански, Хераклејски г. Климент, Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Делчевско-каменички г. Марко, Дремвитски г. Давид, Стобиски г. Јаков, Велички г. Никола како и многубројни свештенослужители од сите епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. На предлог на Комисијата за канонизација на нови светители при САС, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, одлучи во диптихот на светиите да ја впише светата Стефанида Битолско-Скадарска. На оваа литургија беше обзнанена одлуката на САС-МПЦ за нејзино прославување. Повеќе на сајтот на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА.