Четврт петок од Великиот Пост

20.03.2026 Во четвртиот петок од Великиот Пост, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Мало повечерие со последната, четврта статија од Богородичниот Акатист. По читањето на последната статија од Акатистот, свештениците ги осветија петолебијата за здравје и спасение на верниците. На крајот од богослужбата Митрополитот г. Јосиф изрече вдахновено слово за Пресветата Богородица и нејзиното значење во животот на православните христијани.