Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Cредба со директорот на Националниот конзерваторски центар на Р. Македонија м-р Александар Јорданоски

Зоран Богоевски 20.10.2026

На 20.10.2026 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир оствари средба со директорот на Националниот конзерваторски центар на Р. Македонија м-р Александар Јорданоски. Митрополитот г. Јосиф и директорот г. Александар Јорданоски извршија увид на започнатите градежни активности кои ги реализира Kонзерваторскиот центар на Стариот конак кој е заштитен со закон и на црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” од 14 век, која има историски значаен фрескоживопис, на кој сè уште се работи на конзерваторски и истражувачки работи.