Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Cвета великомаченица Маринa

Зоран Богоевски 30.07.2026

На 30.07.2026 кога Православната Црква го чествува денот на светата великомаченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија, во храмот посветен на св. вмч. Марина во с. Зубовце-Гостиварско, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, извршија водосвет и ги благословија и прекршија кумските лебови. На овој значаен празничен ден, кој со многу почит и љубов го празнуваат гостиварци и жителите од с. Зубовце, по отслужената литургија и благословувањето на кумските лебови, црковниот одбор и кумовите, за сите присутни имаа организирано трпеза на љубовта и богата културно-уметничка програма.