Cвети маченик Трифун
На 14.02.2026, денот кога Црквата го прославува споменот на светиот маченик Трифун и на светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, по благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица" - Матка.
Верниот народ се причести со Светите Тајни. Митрополитот г. Јосиф на крајот од Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа и го пренесе благословот и честитката од архиепископот г.г.Стефан на почитуваната игуманија сестра Перпетуа кој денес го прослави нејзиниот именден. Истиот ден митрополитот г.Јосиф, традиционално и оваа година во с. Кучково изврши закројување на лозјето и изврши Мал водосвет и ја прочита молитвата на св. Трифун.
