Cвети Наум Охридски
05.01.2025 По повод празникот посветен на свети Наум Охридски, во истоимениот манастир на Попова Шапка, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Неговото преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков богослужеа Света Божествена литургија. Беседа по повод празникот изговори епископот Стобиски г. Јаков. Верниот народ, кој во голем број го посети ова наше значајно светилиште, доаѓајќи организирано од повеќе делови на нашата земја, радосно учествуваше во ова духовно торжество. По Литургијата архиереите со свештениците ги благословија кумските лебови. Покрај многубројниот верен народ, на Литургијата присуствуваше и Претседателот на владата на Р. Македонија проф. д-р Христијан Мицковски.
