На 12.01.2025 год кога Црквата го прославува споменот на великиот светител од нашето време и од нашиот род – светиот Гаврил Велички, во Лесновската Света Обител беше отслужена света архијерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Ј осиф во сослужение на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, и свештенослужители од Брегалничката епархија и со учество на многуброен верен народ. Пригодна беседа одржа Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, а потоа архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.
Cветиот Гаврил Велички
Зоран Богоевски
12.01.2026
1 / 7