Цветници

05.04.2026 На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Гостивар. Пред започнувањето на Литургијата, според обичајот на Светата Православна Црква, беа осветени врбовите гранчиња. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Со вдахновена беседа по повод празникот на многубројниот народот се обрати Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.