Денови на Кирил Пејчиновиќ
09.05.2026 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Центарот за култура-Тетово, присуствуваше на концерт на Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце, кој ја одржа традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“. Љубителите на македонскиот фолклор имаа можност да уживаат во богата програма исполнета со традиционални ора, песни и автентични носии кои ја негуваат нашата македонска културна традиција. Овогодишни гости на манифестацијата беа: КУД ,,Жарловац"-Р. Србија и КУД ,,Ани"-Лијевце, БИХ.
