Дваесет и четвртата недела по Педесетница
23.11.2025 Дваесет и четвртата недела по Педесетница, во манастирот на Светото Вознесение Христово во Гевгелија, надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел чиноначалствуваше на Светата литургија во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Радоста на овој ден беше зголемена, затоа што по завршувањето на Литургијата, Митрополитите, заедно со клирот извршија осветување на камен-темелник за нов храм, во новиот дел на градот. Ова ново црковно светилиште ќе биде посветено на Соборот на светиот Архистратиг Михаил и сите сили небесни. На Литургијата своја беседа изрече Митрополитот г. Јосиф. Беседата може да ја прочитате тука.....
Повеќе на сајтот на Повардарската епархија.
