Дваесет и првата недела по Педесетница
На 02.11.2025 година, во Дваесет и првата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм ,,св.Кирил и Методиј"-Тетово.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата своја беседа произнесе Митрополитот г. Јосиф говорејќи за денешното прочитано евангелие.
