На 26.10.2025 година, во Дваесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. вмч-чка Злата Мегленска, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа.
Дваесеттата недела по Педесетница
Зоран Богоевски
26.10.2025
1 / 6