Црква „Св. Димитриј“ – Тетово

Црквата Свети Димитриј преставува македонска православна црква во Тетово. Се наоѓа на локацијата на градските гробишта, на северозападниот дел од градот. Површината на црквата изнесува 0,94 ари. Порано тука постоела помала црквичка – параклис, а на нејзиното место изградена е денешната црква посветена на „Свети Димитриј“. Градбата започнала во 1906 година и траела сe до 1912 година. Ктитор на истата бил Захарије Манојловски. Осветена е три години подоцна, во 1915 година. Преосветена е повторно во 1958 година од страна на првиот македонски архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонскта православна црква Господин Господин Доситеј.