На 01.02.2024 година, во Лешочкиот манастир, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ-ОА, под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На состанокот беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2023 година, а беше усвоен и Предлог буџетот на Епархијата за 2024. Исто така беа разгледани повеќе прашања од тековниот живот на Епархијата.
Годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ-ОА
Зоран Богоевски
01.02.2024