Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Илинден

Зоран Богоевски 02.08.2026

На 02.08 2026 година, по повод празникот на светиот славен пророк Илија (Илинден), во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица"-Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Архиерејска Божествена Литургија. На литургијата верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата се отслужи и панихида во спомен за сите починати за татковината Р. Македонија. На крајот од литургијата се прочита и Илинденското послание испратено од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА. Истиот ден во храмот ,,св. Илија"-с. Врапчиште, Митрополитот г. Јосиф го извршени чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, по повод храмовиот празник.