Источен Петок – Балаклија
На 17.04.2026 година, Источен Петок – Балаклија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Петка“ – Гостивар, во сослужение со свештеници од гостиварското намесништво.На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата во дворот на храмот беше извршен водосвет. Митрополитот г. Јосиф се обрати кон присутните верници со пригодна беседа на која меѓудругото нагласи: Браќа и сестри секоја година по традиција сме овде во храмот св.Петка во Гостивар прославувајќи го денес Светли Петок или како што се нарекува,Балаклија посветен на Животочниот Извор на Мајката Божја во Цариград денешен Истанбул. Денеска, нашата света Црква,го прославува споменот на еден извор, каде што Бог, преку Неговата света мајка пројавил чудо за излекување на еден слепороден, а потоа, истиот, во знак на благодарност, над тој извор, во Цариград, ќе подигне и храм, посветен токму на Источен петок, односно на денешниот ден.Овој свет извор и денес постои во Цариград и се нарекува Балаклија. Во моментов е православен женски манастир и мнoгу верници, од најраз- земји, доаѓаат да се напијат и да се измијат од него, добивајќи исцеление на нивните души и тела.Радосен сум што гледам храм исполнет со верници кои го љубат Бога.Овој храм овде во Гостивар, секогаш на овој ден Источен Петок-Балаклија е посетен од голем број верници, кои со голема вера доаѓате да се помолите на Бога. Вие знаете дека верата му дава смисла на нашиот земен живот.Верата нѐ води во царството небесно и ни го покажува патот кон него.Таа света вода на Балаклија но и света вода која ќе се освети по литургијата денес така и сите останати свети тајни и молитвословија, делуваат само кај луѓето коишто искрено веруваат во силата Божја и очекуваат да им биде од помош.Јас како архереј на овој извор во Цариград сум бил три пати и навистина сведочам за големата благодат која се чуствува во овој манастир. Во овие воскресенски дни, и ние како Христовите ученици - апостолите да се потсетуваме на Христос, Воскреснатиот од мртвите и на сѐ што Он говорел и со смирение да ги упатуваме нашите молитви кон нашиот Пречист извор на исцеленија – Преблагословената Дева, не заборавајќи ги безбројните чуда, кои се случиле по Нејзините добрините и по Нејзинито вечно застапништво за нас пред Воскреснатиот Господ. Имајќи силна вера и преобразени од воскресенската светлина, во овие мигови никако да не дозволиме стравот да завладее врз нас, туку како вистински христијани врз себе да ги понесеме сите искушенија, страдања и потешкотии, достоинствено и трпеливо, носејќи го својот крст, не заборавајќи дека после страданијата секогаш доаѓа воскресение.Нека Богородица се моли за сите нас и секогаш да ја имаме нејзината молитвена поткрепа Амин.
