На 07.07.2026 година, денот кога го прославуваме Рождеството на чесниот,славен пророк,Претеча и Крстител Јован – Иванден, во храмот ,,свети Јован Крстител” во тетовското с. Беловиште, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
Иванден
Зоран Богоевски
07.07.2026
1 / 7